ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ 11-03-2024 Почитувани колеги, Ве известуваме дека Е ПОПОЛНЕТ БРОЈОТ ЗА СИМПОЗИУМОТ во организација на МСД-Здружение на специјалисти по максилофацијална хирургија, под наслов „Актуелности во третманот на пациенти со конгенитални расцепи на горна усна и непце“, кој ќе се одржи на 16.03.2024 во хотел Романтик - Велешко Езеро. Колегите кои се регистрирале и уплатиле ги информираме дека регистрацијата ќе започне од 09:30 часот. Повеќе
СИМПОЗИУМ МАКСИЛОФАЦИЈАЛНА ХИРУРГИЈА 22-02-2024 МСД-Здржение на специјалисти по максилофацијална хирургија го најавува Симпозиумот со меѓународно учество под наслов „Актуелности во третманот на пациенти со конгенитални расцепи на горна усна и непце“, кој ќе се одржи на 16.03.2024 во хотел Романтик - Велес. Регистрацијата ќе започне од 09:30 часот. Со задоволство Ве покануваме да присуствувате на овој настан и да ги слушнете најновите сознанија и искуства во оваа област, презентирани од експерти од земјава и странство. Бројот на места е ограничен, а котизацијата изнесува 1000 ден. Симпозиумот е акредитиран од Стоматолошката комора на Македонија со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество. Задолжителна регистрација со кирилчна поддршка на msd.org.mk во делот ПРИЈАВА ЗА НАСТАН Повеќе
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ 07-12-2023 Почитувани колеги, Со оглед на големиот интерес за симпозиумот со меѓународно учество во организација на МСД-Здружение на специјалисти по максилофацијална хирургија, Ве известуваме дека има уште неколку места до пополнување на бројот. Регистрациите се затворени, колегите кои сакаат да учествуваат потребно е на уплатницата да ги запишат следните податоци: име, презиме, број на лиценца и е-маил. На денот на настанот не е возможно да се уплаќа на лице место, уплатите се вршат во банка, пошта или преку електронско банкарство. Ви благодариме! Повеќе
СИМПОЗИУМ МАКСИЛОФАЦИЈАЛНА ХИРУРГИЈА 11-11-2023 МСД-Здружението на специјалисти по максилофацијална хирургија со задоволство Ве поканува на Симпозиумот со меѓународно учество кој ќе се одржи на 9 декември 2023 г. во Хотел Холидеј Ин во Скопје. Фокус на овој симпозиум ќе биде онколошката проблематика, за која од различни аспекти ќе зборуваат домашни и странски експерти во областа. Настанот е акдредитиран од СКМ и ЛКМ, како дел од континуираната стоматолошка и медицинска едукација. Регистрација со кирилична поддршка на msd.org.mk во делот ПРИЈАВА ЗА НАСТАН. Ве очекуваме. Повеќе
СИМПОЗИУМ МАКСИЛОФАЦИЈАЛНА ХИРУРГИЈА 16-02-2023 Почитувани колеги, Ве известуваме дека МСД - Здружение на специјалисти по максилофацијална хирургија организира симпозиум на тема: “Инфекции и компликации од инфекции во максилофацијална хирургија”. Симпозиумот ќе се одржи во хотел “Романтик” во Велес. Ден: 11-ти Март 2023 година Почеток: 10:00 часот Задолжителна регистрација со кирилична поддршка на msd.org.mk во делот ПРИЈАВА ЗА НАСТАН. Присуство на настанот се потврдува со лично прикажување на QR кодот од апликацијата на СКМ. Повеќе
СТРУЧЕН СОСТАНОК - МАКСИЛОФАЦИЈАЛНА 17-01-2022 Почитувани колеги, МСД-Здружение на специјалисти по максилофацијална хирургија организира стручен состанок на ден 28.1.2022 година со почеток во 12:00 часот. Задолжителна регистрација на msd.org.mk со кирилична поддршка во делот пријава за настан. Повеќе