Членство

 
Станете член на МСД и ќе имате можност да бидете дел од мрежатa составена од стотици Ваши колеги со кои ќе ги размените вашите искуства и каде ќе имате пристап до најновите научни информации, состаноци и конференции.
Проверете ги бенефитите кои ќе Ви бидат понудени како член на Македонското стоматолошко друштво:
  • МСД ќе Ви понуди голем број различни начини како да го збогатите своето знаење во стоматолошката област, посетувајќи различни програми за континуирана едукација (со посебна дисконтна цена за членовите на МСД) каде ќе ги соберете Вашите кредити
 
ЧЛЕНСТВО
Член на друштвото може да биде секој доктор – стоматолог, државјанин на Р. Македонија кој доброволно ке пристапи со поднесување на писмена пристапница, ке го прифати Статутот и ке плака членарина. При приемот во членство му се издава членска картичка.
Друштвото може да има и почесни членови.
Почесен член може да биде граганин на Р. Македонија и странски државјанин кои имаат остварен посебен придонес во медицината – стоматологијата. Почесниот член го именува Собранието на предлог на Управниот одбор.
 
ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ
 
Правата и должностите на членовите произлегуваат од Статутот:
  • Да се вклучуваат во работата на друштвото,
  • Да бираат и да бидат бирани во органите и телата,
  • Да учествуваат во работата на конгреси и други собири,
  • Да информира и биде информиран за работата на друштвото,
  • да плаќаат членарина и др.
 
ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВОТО
 
Членсвото во друштвото престанува:
  • со писмена изјава на членот дека истапува,
  • со исклучување од членство,
  • поради неплакање на членарина
ЧЛЕНСТВО ВО МСД ИЗНЕСУВА 1500 ДЕНАРИ НА ГОДИШНО НИВО, СЕ УПЛАЌА НА СМЕТКАТА НА МСД, ПРИ ШТО СЕ СТАНУВА ЧЛЕН НА МСД И НА СИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА ПРИ МСД, ВО АСОЦИЈАЦИИ ВО КОИ ЧЛЕНУВА МСД, А СПЕЦИЈАЛИСТИТЕ И ВО АСОЦИЈАЦИИТЕ ВО КОИ ЧЛЕНУВААТ СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈАТА ПРИ МСД
Примач: Македонско стоматолошко друштво
Ж. сметка: 300000001914234 Комерцијална банка
1500 денари на годишно ниво (за тековната година)
Назнака: за членство за ---- година