25 ноември 2025 ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани, Ве известуваме дека е испратен е-маил (проверете и spam/junk) до сите колеги чија уплата е извршена по пополнување на предвидениот број на уплати за симпозиум со меѓународно учество во организација на Здружение на специјалисти по СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА МСД Скопје, кој ќе се одржи на 29.11.2025 година.
19 ноември 2025 ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани колеги, Ве известуваме дека од сметката на Здружение на специјалисти по ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА МСД Скопје се вратени средствата на сите колеги кои имаа доцна уплата и немаа можност да добијат сертификат со бар-код за симпозиумот со меѓународно учество, кој се одржа на 8.11.2025 година во хотел Холидеј Ин во Скопје.
17 ноември 2025 ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани колеги, Ве известуваме дека ПОРАДИ ПОПОЛНЕТ БРОЈ ЌЕ БИДАТ РЕФУНДИРАНИ последните уплати од 12.11.2025 и уплатите од сите наредни денови, за Симпозиумот со меѓународно учество во организација на Здружение на специјалисти по СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА МСД Скопје, кој ќе се одржи на ден 29.11.2025 во Скопје во Хотел Александар Палас Скопје. Колегите на кои ќе им будат рефундирани средствата уплатени на 12.11.2025 ќе бидат исконтактирани. СИТЕ ОСТАНАТИ ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ДА НЕ УПЛАЌАТЕ. Ви благодариме за разбирањето.