10ти Конгрес на Македонско Стоматолошко Друштво

Повик за Поднесување на Апстракти            
ВАЖНА НАПОМЕНА: КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИТЕ Е 1ви ЈУНИ, 2025 ГОДИНА
Научниот одбор ги поканува авторите да ги пријавуваат своите трудови во согласност со наведените теми на научната програма.
Апстрактите треба да бидат напишани на англиски и македонски јазик.
Подолу во текстот се наведени инструкциите за подготовка на апстрактот. 
Поднесување на апстрактот преку интернет
Апстрактите можат да бидат поднесени само преку веб страната на конгресот: www.msd.org.mk каде што чекор по чекор ќе бидете водени низ постапката за поднесување на апстрактот. Апстрактите пратени по пошта или факс нема да бидат земени во предвид.
Форматирање и испраќање на апстрактот
Во формуларот за испраќање на апстрактот треба да бидат внесени контакт информациите на авторот на трудот, имињата на коавторите, насловот на апстрактот и текстот/содржината на самиот апстракт во полињата кои се означени за тоа. Насловот на научниот труд (вклучувајќи ги и празните простори) не треба да биде подолг од 100 знака, додека самиот апстракт треба да има максимум 300 зборови. Секој учесник може да е носител на два труда, а бројот на авторите во трудот да не е повеќе од 6 лица.  
Текстот на апстрактот треба да биде организиран и поделен според следниот формат: Цел; Материјал и Метод (или Предмет на испитувањето); Резултати; Заклучоци (констатација од типот „резултатите ќе бидат дискутирани“ е неприфатлива).
Конгресни теми
Изберете една од наведените конгресни теми кои се предвидени со научната програма на Конгресот:
  • Вештачка интелигенција и дигитална стоматологија
  • Превентивна стоматологија
  • Стоматологија во детска возраст
  • Ортодонција
  • Ендодонција
  • Реставративна стоматологија
  • Естетска стоматологија
  • Орална медицина
  • Орална патологија
  • Протетичка рехабилитација
  • Орална хирургија
  • Имплантологија
  • Максило-фацијална хирургија
  • Дентални биоматеријали
  • Слободни теми
Тип на презентација:
Се избира преферираниот тип на презентација на научниот труд во полето кое е за тоа означено на формуларот за поднесување на апстрактот и истата може да биде:
  • Постер
  • Усна презентација.
Краен рок за поднесување на апстрактите:
Апстрактите треба да бидат испратени најдоцна до 12:00 часот на полноќ на 1ви ЈУНИ (недела), 2025 година.
Потврда за поднесување на апстракт:
По пополнувањето на формуларот за научниот труд и испраќањето на истиот, веднаш добивате порака на екранот за успешна пријава на апстрактот.
Известување за прифатеност на научниот труд:
За разгледување на испратените апстракти одговорен е Научниот Одбор на Конгресот кој најдоцна до 8ми  ЈУНИ 2025 година треба да поднесе извештај за прифатеноста на истите. Секој автор и презентер ќе биде известен преку електронското сандаче за прифатеност/одбиеност на научниот труд и ќе добие детални инструкции за подготовка на презентацијата.