Повик за Поднесување на Апстракти

ВАЖНА НАПОМЕНА: КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИТЕ Е 30ти МАЈ, 2022 ГОДИНА

Научниот одбор ги поканува авторите да ги пријавуваат своите трудови во согласност со наведените теми на научната програма.

Апстрактите треба да бидат напишани на англиски и македонски јазик.

Подолу во текстот се наведени инструкциите за подготовка на апстрактот.

 

Поднесување на апстрактот преку интернет

Апстрактите можат да бидат поднесени само преку веб страната на конгресот: www.msd.org.mk каде што чекор по чекор ќе бидете водени низ постапката за поднесување на апстрактот. Апстрактите пратени по пошта или факс нема да бидат земени во предвид.

Форматирање и испраќање на апстрактот

Во формуларот за испраќање на апстрактот треба да бидат внесени контакт информациите на авторот на трудот, имињата на коавторите, насловот на апстрактот и текстот/содржината на самиот апстракт во полињата кои се означени за тоа. Насловот на научниот труд (вклучувајќи ги и празните простори) не треба да биде подолг од 100 знака, додека самиот апстракт треба да има максимум 300 зборови. Секој учесник може да е носител на два труда, а бројот на авторите во трудот да не е повеќе од 6 лица.  

Текстот на апстрактот треба да биде организиран и поделен според следниот формат: Цел; Материјал и Метод (или Предмет на испитувањето); Резултати; Заклучоци (констатација од типот „резултатите ќе бидат дискутирани“ е неприфатлива).

Конгресни теми

Изберете една од наведените конгресни теми кои се предвидени со научната програма на Конгресот:

  • Дигитална стоматологија
  • Менаџмент на пациенти со синдромски заболувања
  • Менаџмент на пациенти со расцепи – ортодонтско-хируршки третман
  • Третман на пациенти со опструктивна апнеа
  • Орто-перио третман
  • Имплантологија
  • Ортодонција
  • Протетска рехабилитација
  • Стоматологија во детска возраст
  • Реставративна/ Естетска стоматологија
  • Ендодонција
  • Орална патологија
  • Орална и максило-фацијална хирургија
  • Менаџмент на пациенти со дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб
  • Дентални материјали
  • Стоматолошка етика и деонтологија
  • Слободни теми
Тип на презентација:

Се избира преферираниот тип на презентација на научниот труд во полето кое е за тоа означено на формуларот за поднесување на апстрактот и истата може да биде:

  • Постер
  • Усна презентација.
Краен рок за поднесување на апстрактите:
 
Апстрактите треба да бидат испратени најдоцна до 12:00 часот на полноќ на 30ти МАЈ (понеделник), 2022 година.
Референтен број на апстрактот:

По пополнувањето на формуларот за научниот труд и испраќањето на истиот, веднаш добивате потврда на Вашата електронска адреса (e-mail) заедно со референтен број доделен на апстрактот и лозинка.

Известување за прифатеност на научниот труд:

За разгледување на испратените апстракти одговорен е Научниот Одбор на Конгресот кој најдоцна до 6ти  ЈУНИ 2022 година треба да поднесе извештај за прифатеноста на истите. Секој автор и презентер ќе биде известен преку електронското сандаче за прифатеност/одбиеност на научниот труд и ќе добие детални инструкции за подготовка на презентацијата.  

Линк за on-line испраќање на апстрактот