ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани колеги,
 

Ве потсетуваме дека врз основа на одлуката која ја добивме од Комисијата за стручни стоматолошки прашања при Стоматолошка комора на Македонија, настаните кои се организирани до 1.5.2022 година ќе може да ги следите со физичко присуство или преку онлајн платформа, на кои ќе се води ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРИСУТНИ ВО САЛА, А ОНИЕ КОИ ЌЕ ГО СЛЕДАТ НАСТАНОТ ОНЛАЈН, ЌЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРИЈАВЕНИ СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ, А НЕ СО ИМИЊА НА УРЕДИТЕ.

Од 1.5.2022 година сите настани ќе бидат организирани исклучиво со физичко присуство и ќе се води список со присутни на настаните. Присуството е услов за добивање сертификат.

 
 
Со почит,

Управен одбор на Македонско стоматолошко друштво и

претседатели на здруженија при Македонско стоматолошко друштво

Претседател,

Проф. д-р Габриела Ќурчиева Чучкова