СИМПОЗИУМ ОРТОДОНЦИЈА 11.9.2021

Почитувани колеги,

Здружението на специјалисти по ортодонција при МСД, како дел од своите
редовни активности организира HYBRID симпозиум преку платформата ZOOM
под наслов "Современа ортодонтска дијагноза – императив и придобивка
за правилна функција, естетика и стабилни резултати " на 11.09.2021 г.
Симпозиумот ќе се одржи дел во живо, дел преку платформата ZOOM во
корелација со Ковид 19 препораките на Владата на РСМ и Министерството за
здравство на РСМ. 
Со оглед на моменталната состојба активните учесници на симпозиумот ќе бидат со физичко присуство, а сите слушатели ќе го следат симпозиумот онлајн на ZOOM платформата.
Симпозиумот е акредитиран од СКМ со 8 бода за пасивно и 12 за активно учество.
Пред уплата задолжителна е регистрацијата на веб страницата на МСД msd.org.mk во делот пријава за настан. Регистрација се врши со кирилична поддршка.
Котизацијата изнесува 1.300,00 денари, а за членови на МСД 1.000,00 денари.
Уплатата се врши на ж-сметка: 300000002059055
Комерцијална банка АД Скопје.
Примач: МСД - Здружение на специјалисти по ортодонција
Во цел на дознака задолжително да се запише име, презиме, број на лиценца и меил на докторот.
 
Со почит,
Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција
Проф. д-р Габриела Ќурчиева Чучкова dr. sci