ИЗВЕСТУВАЊЕ

     Почитувани колеги, драги пријатели!

Веќе минуваме и низ втората година од пандемијата со Ковид 19. Искрено се надевам дека сте сите добри. Минавме низ еден исклучително тежок период. Мислам дека не постои фамилија која директно или индиректно не ја почувствува „лошотијата“ на вирусот. Единствената борба со него е сите да бидеме вакцинирани, и искрено се надевам дека секој од Вас веќе заврши со таа обврска.
Во периодот на оваа криза организиравме еден симпозиум кој беше виртуелен. Мислам дека бевте задоволни од настанот. Пред нас престои нов настан, симпозиум со меѓународно учество, кој ќе се одржи во Скопје на 18.09.2021 година. Во тек е акредитација за настанот и се надевам дека набрзо и тоа ќе се случи.
Според одлука на Стоматолошката комора, секој следен настан треба да се одржи со делумно физичко присуство а делумно виртуелно, т.е. хибридно. Според сегашните препораки од Министерството за задравство, физичкото присуство треба да биде со 40% слушатели од капацитетот на салата. Сѐуште не сме решиле кој од колегите и на кој начин ќе може физички да присуствува. Протоколите налагаат дека за 300 уплати мора да се обезбеди сала за 900 колеги што не е возможно од повеќе аспекти. Ние ќе се потрудиме да обезбедиме сала по протоколи за барем 200 слушатели, а останатите виртуелно да го следат симпозиумот. Како ќе се направи селекцијата за физичко присуство сѐуште не е решено. Исто така промени на начинот на одржување на симпозиумот може да има, и во согласност со секоја нова препорака и ние мораме да се прилагодуваме.
Почитувани, во скоро време ќе имате целосни информации за годинешниве предавачи и нивните теми, местото и начинот на одржување, како на страната на МСД, така и во оваа група.
Искрено се радувам на повторното видување и делумно враќање во нормала.
Ви посакувам убави летни одмори!
До скоро видување
Александар Димков