ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

 Почитувани колеги,

Регистрацијата на сите настани останува како и до сега да се врши со КИРИЛИЧНА поддршка на нашата веб страница msd.org.mk, освен меилот, кој е на латиница.
Регистрацијата не се врши на нашиот меил, ниту во контакт формата, туку од левата страна во сините правоаголничиња каде што пишува ПРИЈАВА ЗА НАСТАН или ПРИЈАВА ЗА КОНГРЕС, во зависност од тоа каде сакате да се регистрирате.
За секој настан има флаер и објаснување за предавачите и начинот на уплата.
Уплатата се врши во рок од 24 часа од регистрацијата, за да се задржи местото.
ВНИМАТЕЛНО пополнувајте ги сите полиња, за да не дојде до понатамошни проблеми со сертификатите.
Доколку е пополнет бројот, настанот ќе биде тргнат од страницата и нема да постои регистрација за истиот, при што во новостите ќе има соодветно известување.
По регистрацијата не треба да чекате повратен меил за потврда.
Меил со линкот од ZOOM ќе ви пратиме на меилот кој сте го внеле при регистрација, а по завршувањето на настанот на истиот меил ќе го испратиме сертификатот.
Доколку немате меил пред почеток на настанот, проверете го сандачето SPAM/JUNK.
Доколку плаќате онлајн, или од сметка на нашата сметка, ќе ви биде потребна ПП30 уплатница (црвена)
Доколку уплаќате со готовина, ќе ви биде потребна уплатница ПП10 (сина).
На уплатницата ЗАДОЛЖИТЕЛНО запишете име, презиме, број на лиценца и меил.
Котизација како член на настаните на МСД и сите здруженија при МСД, плаќаат оние колеги кои имаат подмирено членство на сметката на МСД за 2020 година.