СИМПОЗИУМ ДЕТСКО

Почитувани колеги,
Ве известуваме дека на 26.09.2020 година (сабота), ќе се одржи Симпозиум на Здружението на специјалисти по детска и превентивна стоматологија.
Симпозиумот ќе се одржи on line преку платформата Zoom.
Исто така Ве известуваме дека и сертификатите ќе се доделуваат електронски, со можност секој од вас да си ги испринта и да ги поседува во хард-копи форма. Симпозиумот ќе биде акредитиран со 8 бода за пасивно, односно 12 бода за активно учество.

Примач: МСД – Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија
Сметка: 300000002058861
Комерцијална банка АД Скопје
Котизација: 600 ДЕНАРИ,
400 ДЕНАРИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА МСД (СО ПЛАТЕНО ЧЛЕНСТВО ВО МСД ЗА 2020 ГОДИНА)

Назнака: котизација за симпозиум 9/2020 за д-р _______, бр. на лиценца:______.
Задолжителна регистрација со КИРИЛИЧНА ПОДДРШКА на msd.org.mk во делот Пријава за настан.
Во месец септември ќе бидете контактирани на вашите mail адреси за да добиете лозинка со пристап до Zoom, со цел да може да го следите симпозиумот.
Уплата да се изврши во рок од 24 часа за да се задржи местото.
Бројот на учесници е ограничен.

Срдечен поздрав