Известување за ортодонтски симпозиум

 Почитувани колеги,

Ве известуваме дека предходно откажаниот пролетен симпозиум од 04 април 2020 година на Здружение на специјалисти по ортодонција, поради состојбата со вирусот Covid 19, ќе се орджи на 19.09.2020 година on line, преку платформата Zoom.

Сите колеги кои ќе уплатат за симпозиумот, ќе мора да ја имаат инсталирано Zoom апликацијата.

Колегите ќе бидат контактирани на нивните mail адреси во месец септември, за да добијат лозинка со пристап до Zoom, со цел да може да го следат симпозиумот.

Доколку имате промена на Вашата mail адреса, пратете ја промената на contact@msd.org.mk

Сипмозиумот е акредитиран со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество.

Котизацијата изнесува 1.800,00 ден и 1,300,00 ден за членови на МСД.

Уплатата се врши на ж-сметка: 300000002059055 Комерцијална Банка АД Скопје,

МСД - Здружение на специјалисти по ортодонција  за симпозиум 09/2020.

Колегите кои веќе уплатиле за пролетниот симпозиум од 04 април 2020 година и не побарале поврат на средствата, истите ќе бидат префрлени за симпозиумот во септември.

Секој учесник ќе добие сертификат со бар код. За начинот за подигање или доставување на сертификатот, ќе бидете дополнително обавестени.

Сите информации се достапни и на web страниците на:

МСД – Здружение на специјалисти по ортодонција: www.mos.org.mk

МСД: www.msd.org.mk

СКМ: www.stomatoloskakomora.org

Останете во добро здравје.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Со почит

МСД – Здружение на специјалисти по ортодонција

Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција

Проф. д-р. Габриела Ќурчиева Чучкова dr.sci