Светски ден на орално здравје 20 март 2019

Почитувани,

Македонско стоматолошко друштво како долгогодишен регуларен член на Светската дентална асоцијација ФДИ, секоја година го одбележува Светскиот ден на оралното здравје 20 март во соработка со долгогодишниот партнер Колгејт.

Оваа година тимот предводен од Претседателот на Македонско стоматолошко друштво професор д-р Мира Јанкуловска во соработка со професори, специјализанти и стажанти и студенти од Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, ќе одржат едукативни работилници за одржување на правилна орална хигиена, правилно четкање на забите со демонстрација на модели,  предавање за оралното здравје- правилна грижа и одржување на усната празнина како важен фактор за оралното и општото здравје, како и подарок сет за орална нега од Колгејт.

Предвидени се следните активности:

Среда,  20 Март: Едукативна работилница во средното училиште за деца со посебни потреби “Свети Наум Охридски”,

Четврток, 21 Март: Едукативна работилница во Домот за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „Ранка Милановиќ“,

Сабота, 23 Март: Пионерски дом Карпош –  Едукативна работилница со деца со Даунов синдром

Недела, 24 Март: Градски парк – Скопје, пулт на патеката пред  фонтаната со 6 чешмички, интензивна дружба, презентација за правилно четкање на забите на модели и уште многу совети кои ќе можат да ги добијат присутните во Градски парк со почеток од 12 часот.

Ве очекуваме на заедничко дружење!

Македонско стоматолошко друштво