ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

 
Би сакале да ги потсетиме сите наши редовни членови кои сеуште не го продолжиле своето членство за 2018 година да го продолжат пред да започнат настаните за континуирана стоматолошка едукација, со што ќе учествуваат со пониска котизација на сите настани. Продолжувајќи го членството во МСД, истовремено го продолжувате и во сите специјалистички здруженија при МСД и во здружението на општи стоматолози при МСД. 
Доколку сеуште не се наш член, а сте заинтересиран/а да ги уживате привилегиите на нашите членови, аплицирајте на нашата веб страница, каде ќе можете да ги дознаете сите детали за членство.
http://msd.org.mk/chlenstvo
 
Со почит,
Македонско стоматолошко друштво