ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!

 Почитувани колеги,

Ве известуваме дека по одлука на Стоматолошката комора на Македонија, за сите настани за КСУ во 2017 година, сите сертификати ќе се издаваат со испечатено име и презиме без исклучок.
За таа цел, ќе биде ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕГИСТРАЦИЈАТА на веб страницата www.msd.org.mk во делот пријава за настан (за секој настан ќе има посебна форма за регистрација) и УПЛАТА ВО РОК ОД 24 ЧАСА ОД РЕГИСТРАЦИЈАТА.
НА УПЛАТНИЦИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ НАВЕДЕ ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА ДОКТОРОТ.
УПЛАТИТЕ ЌЕ СЕ ЗАТВОРАТ 5 ДЕНА ПРЕД НАСТАНОТ, СО ЦЕЛ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ СЕРТИФИКАТИ ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ!
Ви благодариме на соработката,
Со почит,
Македонско стоматолошко друштво