ЧЛЕНСТВО 2017

Почитувани колеги,

 

Македонското стоматолошко друштво и специјалистичките здруженија при МСД продолжуваат со своите редовни активности и во текот на 2017 година. И оваа година ќе бидат организирани семинари, симпозиуми, курсеви од сите стоматолошки специјалности, а како најзначаен настан во 2017 го издвојуваме Дентал митингот кој ќе се одржи на 18 март 2017 година, со кој ја продолжуваме традицијата на одбележување на Светскиот ден на оралното здравје 20 март.  

 

Датите од сите настани на МСД и специјалистичките здруженија ќе бидат објавени на официјалната веб страница.

 

       За да можете да ги искористите бенефициите кои ги уживаат членовите на МСД, кои воедно се членови и на осум специјалистички здруженија за чии настани уплаќаат пониски котизации, воедно со членството во МСД се и членови на Светската стоматолошка асоцијација ФДИ и Европската асоцијација ЕРО,  Ве молиме трошоците за чланарина за 2017 година да ги подмирите најдоцна до март, при што секој член ќе биде евидентиран и ќе му биде изготвена членска картичка.

 

Истото можете да го направите со уплаќање на 1200 денари (на годишно ниво) на трансакциската сметка на МСД 300000001914234, депонент на Комерцијална Банка АД Скопје, со назнака „За чланарина“.  При уплатата задолжително наведете го името и презимето на докторот.

           

Сите уплати се вршат на истата жиро сметка, без разлика на специјалноста на докторот.

 

       Откако ќе го извршите плаќањето, ве замолуваме да ја потполните апликацијата за членство, која се наоѓа на нашата web страница www.msd.org.mk.

 

 

Однапред благодариме на успешна соработка.

       Со почит,

 

 

 

Управен одбор

Претседател,

 

Проф. д-р Соња Апостолска