СИМПОЗИУМ БОЛЕСТИ НА УСТАTA И ПАРОДОНТОТ

Датум од - Датум до

 
Драги колеги,
Придружете се на годишниот настан во организација на МСД- Здружението на специјалисти по Болести на устата и пародонтот. Симпозиум со меѓународно учество ,,Современи актуелности во оралната медицина и пародонтологијата“ кој ќе се одржи он лајн на 28.11.2020 година.
Настанот е акредитиран од СКМ со 12 бода за активно и 8 бода за пасивно учество.
Слушнете ги стручните предавања од областа на продонтологијата и оралната патологија од реномирани домашни и странски предавачи, вклучете се активно со своја дискусија и учество на симпозиумот.
Програма
10:15 мин Отварање на симпозиумот
10:30 Проф.д-р Иван Алајбег
Стоматолошки факултет Загреб
Катедра по Орална медицина
- Диференцијална дијагностика на невообичаени гингивити
10:55 Проф.д-р Миранда Мухвиќ Урек
Факултет по дентална медицина Ријека
Катедра за орална медицина и пародонтологија
- Орални манифестации на воспалителните болести на цревата-клинички искуства
11:20 Комерцијално предавање
Medis, Gengigel
11:30 Проф. д-р Мирјана Поповска
Стоматолошки факултет-Скопје
Катедра по Болести на устата и пародонтот
- Лезии во устата-типични симптоми или секундарна манифестација кај заболени од covid19
11:50 Проф. д-р Емилија Левеска Стефановска
Стоматолошки факултет-Скопје
Катедра по Болести на устата и пародонтот
- Пародонталната болест и ризикот од хронична инфламација на простата (пилот студија)
Симпозиумот ќе се реализира во живо, со следење и интерактивно учество на далечина преку платформата Zoom. Прашањата ќе можете да ги поставите во полето chat, при што модераторот ќе ги проследи до предавачот.
Технички упатства: Инсталирајте ја апликацијата Zoom од линкот: https//zoom.us/ на вашиот компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон.
За непречено следење на симпозиумот ќе Ви биде потребна стабилна интернет врска. Креирајте бесплатна корисничка сметка на платформата со Вашата е-маил адреса.
После Вашето пријавување на симпозиумот, навремено ќе Ви биде испратен линк на Вашата e-mail адреса, преку кој ќе се приклучите, регистрирате и ќе го проследите симпозиумот.
По завршувањето на симпозиумот сертификатите ќе Ви бидат испратени на истиот меил кој што сте го впишале при регистрација.
Mеил со податоци ва вклучување на ZOOM ќе испратиме 24 часа пред настанот. Доколку немате маил, проверете го сандачето spam/junk.
Симпозиумот е акредитиран од СКМ со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество
КОТИЗАЦИЈА: За членови на МСД 800 денари, 1000 денари за оние кои не се членови на МСД.
Уплата на жиро сметка во денарска противредност:
МСД-Здружение на специјалисти по болести на устата и пародонтот
Ж. С-ка:300000002058667 Комерцијална банка
Во цел на дознака задолжително да се напише име, презиме , број на лиценца и меил.
Регистрација на msd.org.mk во делот пријава за настан.
При регистрација внимавајте точно да ги внесете сите податоци со кирилична поддршка, како и да го внесете точниот меил.
Лице контакт д-р Соња Миндова моб 070 32 33 60

Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на пријавата се согласувам моите лични податоци да бидат предмет на обработка за потребите на Македонско стоматолошко друштво

Име и Презиме *  
Број на лиценца *  
Здравствена установа *  
Адреса *  
Област *  
Емаил *  
Телефон*