Членство


Станете член на МСД и ќе имате можност да бидете дел од мрежате составена од стотици Ваши колеги со кои ќе ги размените вашите искуства и каде ќе имате пристап до најновите научни информации, состаноци и конфереции.

Проверете ги бенефитите кои ќе Ви бидат понудени како член на Македонското стоматолошко друштво:

  • МСД ќе Ви понуди голем број различни начини како да го збогатите своето знаење во стоматолошката област, посетувајќи различни програми за континуирана едукација (со посебна дисконтна цена за членовите на МСД) каде ќе ги соберете Вашите кредити
  • Вашата годишна членарина вклучува и претплата на МСД журналот кој ќе Ви ги претстави најновите научни и практични информации потребни за вашата работа
  • Како член на МСД ќе имате пристап до Годишниот календар на состаноци и Именикот на стоматолози и стоматолошки организации
  • Ќе имате можност да во било кое време преку вашиот компјутер учествувате на on-line форумот за дискусии со останатите членови на МСД

ЧЛЕНСТВО

Член на друштвото може да биде секој доктор – стоматолог, државјанин на Р. Македонија кој доброволно ке пристапи со поднесување на писмена пристапница, ке го прифати Статутот и ке плака членарина. При приемот во членство му се издава членска книшка.

Друштвото може да има и почесни членови.

Почесен член може да биде граганин на Р. Македонија и странски државјанин кои имаат остварен посебвен придонес во медицината – стоматологијата. Почесниот член го именува Собранието на предлог на Управниот одбор.


ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ

Правата и должностите на членовите произлегуваат од Статутот:

  • Да се вклучуваат во работата на друштвото,
  • Да бираат и да бидат бирани во органите и телата,
  • Да учествуваат во работата на конгреси и други собири,
  • Да информира и биде информиран за работата на друштвото,
  • да плаќаат членарина и др.

ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВОТО

Членсвото во друштвото престанува:

  • со писмена изјава на членот дека истапува,
  • со исклучување од членство,
  • поради неплакање на членарина


Сметка за уплата 300000001914234 Комерцијална банка.
Назнака: за членство за (година за која се уплаќа).
АПЛИЦИРАЈТЕ ОВДЕ